УБК е надвор од каков било систем на контрола и дека не ги почитува ни елементарните процедури на кои е обврзана со закон, покажаа и прислушуваните разговори што ги објави опозицијата .

Според лидерот на СДСМ Зоран Заев, директорот на УБК, Сашо Мијалков, зел провизија од половина милион евра само за да почне да преговара за набавка на опрема за прислушување од израелска фирма. Мијалков демантираше дека зел провизија и објасни дека станувало збор за донација со која е купена опрема за специјалните единици.
Владимир Пивоваров, поранешен шеф на военото разузнавање, вели дека иако вакви набавки се „државна тајна“ и за нив постои процедура.
– Прво, шефот на службата елаборира кај претпоставениот за потребите од набавка на таква опрема. Кога ќе добие согласност, се отвора реферат кој носи финансиска импликација и од каде ќе биде набавена опремата. Иако е државна тајна, сепак се комуницира со повеќе светски реномирани производители со цел да се направи споредба на квалитетот и цената на опремата. При увоз на ваква опрема, со одлука на владата таа се ослободува од плаќање секакви давачки – објаснува Пивоваров.
– И мене ми нудеа, но никогаш не прифатив, туку собравме повеќе понуди и одбравме една што беше десетина пати пониска – вели Пивоваров./извор Слободен печат