Pixel 3a и 3a XL – достапни модели со чист Android (ВИДЕО)

од Vlatko K
260 прегледи

По неколку месеци на „протекувања“ веќе ги имаме и официјалните детали за новите претставници
во серијата Pixel 3. Како што очекувавме, уредите се нарекуваат Pixel 3a и 3a XL и во голема мера ги
нудат основните способности на своите поскапи роднини – OLED дисплеј, импресивна камера,
најновата верзија на Android и ветување за брзи ажурирања, но за значително пониска цена.


И двата модели се со пластична конструкција и користат чипсет Snapdragon 670 во комбинација со
4GB RAM и 64GB внатрешна меморија, но имаат OLED дисплеј со дијагонала 5,6 и 6-инчи со
резолуција 2220 x 1080, односно 2160 x 1080 пиксели.

https://youtu.be/vc7LlUtQgNw

Уредите имаат главна камера со 12.2MP (f / 1.8) сензор Sony IMX363, оптичка и електронска
стабилизација, а освен тоа имаат приклучок за слушалки, стерео звучници и Active Edge сензори за
притисок во страничната рамка.

Додадена е и предна камера од 8 MP со f / 2.0 бленда. Батериите имаат капацитет од 3.000 и 3.700
mAh и поддржуваат брзо полнење на 18W.

Во однос на Pixel 3, нема Pixel Visual Core за да ги забрза перформансите на камерата и опцијата за
зачувување фотографии во оригиналната резолуција на Google Photos, но цената е многу помала.
Телефоните ќе се продаваат за 399 и 479 долари (399/469 фунти, 399/479 евра) и се достапни во
црна, бела и виолетова.

Уредите се нудат во Google Store во 13 земји – Австралија, Канада, Франција, Германија, Индија,
Ирска, Италија, Јапонија, Сингапур, Шпанија, Тајван, Велика Британија и САД.