Фудбалерот на Јувентус, Миралем Пјаниќ е убеден дека „бјанконерите“ можат да го сменат тимот на Наполи од првото место во Серија А , како и да ги елиминираат Тотенхем во 1/8-финалето на Лигата на шампионите.
Италијанскиот шампион одигра 2-2 со тимот од Англија, што во голема мера ја отежнува нивната задача на „Вембли“.
На 22. април Јуве ќе го пречека тимот на Наполи на „Алијанц“ стадионот и ќе бара задолжителна победа против директниот противник за титулата.
Босанецот ги предупреди своите соиграчи дека битката на три фронта ќе продолжи до самиот крај на сезоната.
„Тоа ќе биде вистинска битка до крајот на сезоната. За сега ние сме чекор зад Наполи, но мораме да играме натпревар за натпревар. Ако сакаме да ги смениме од прво место, мораме да ги победиме дома“.
„Излегуваме од прилично тежок период, каде што имавме многу посети, а за сега се справуваме добро. Важно е за сите во тимот да бидат подготвени на 100%. Да се надеваме дека сите ќе бидат здрави и достапни на тренерот. Со сите достапни играчи ќе биде многу полесно даго пречекаме крајот на сезоната на сите фронтови“, заклучи Пјаниќ.