За време на летниот преоден рок, Миралем Пјаниќ често се поврзува со заминување од неговата сегашна екипа на Барселона, но тој сепак отпатува во САД со тимот на Чави Ернандез, каде Каталонците играат пријателски натпревари.
По заминувањето во САД, Пјаниќ морал на кратко да се врати во Европа за да присуствува на раѓањето на својот син, а потоа се вратил „преку барата“.
Миралем синоќа доби полувреме за да покаже зошто заслужува да остане во редовите на „Блаугранас“, што е негова желба. Тој одигра исклучителен натпревар против својот поранешен клуб Јувентус во ремито 2:2.
Неговиот тренер Чави Ернандез се чини дека е задоволен од претставникот на БиХ.
„Ми се допаѓа Пјаниќ како играч. Тој е одличен играч со уникатна визија за играта. Ќе видиме што ќе се случи до крајот на преодниот рок“, изјави Чави.
Самиот Пјаниќ е свесен дека можеби нема да биде стартер во Барселона, но сака да остане во тој шпански клуб.
„Време е да им го покажам на навивачите стариот Пјаниќ. Последните две сезони имав проблеми со повредите и коронавирусот. Сега работите се поинакви и верувам дека можам повторно да бидам на врвот. Цело лето работев физички на себе и работата со Чави ќе биде одлична“, изјави играчот за врска.
И покрај тоа, повеќето медиуми во Шпанија се убедени дека „Малиот принц“ ќе ја напушти Барселона до крајот на летото, но најновите изданија на Бошњакот и изјавите на неговиот тренер прават тоа повеќе да не е сигурна работа.
Пред да пристигне на „Камп Ноу“ во 2020 година, Пјаниќ играше за Мец, Лион, Рома и Јувентус.
За репрезентацијата на БиХ одигра 107 натпревари и постигна 18 голови.