206
Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ следната сезона ќе го носи дресот на Барселона.
Оваа информација ја потврди каталонскиот весник „АС“, а се наведува дека одлуката за останување на Пјаниќ ја донел Чави Ернандез по средбата со Бошњакот.
Чави истакна дека сака да го задржи Пјаниќ, но под услов Миралем да прифати намалување на платата.
Откако Пјаниќ се согласи на намалување од 40 отсто, отстранета е и последната пречка за останување, а како што се наведува, Пјаниќ за место во тимот ќе се бори со Серхио Бускетс.
Така, Пјаниќ за прв пат по доаѓањето во Барселона ќе игра под тренер кој му верува, што секако не беше случај со Роналд Куман.