Пјастри без конкуренција за „Сахир“, Ландо стигна до третото место

од Vladimir Zorba
25 прегледи

Оскар Пјастри со Мекларен со одлично возење победи на трката за Големата награда на Бахреин, 4. коло од сезоната во Формула 1.

Австралиецот водеше во текот на целата трка и ја забележа втората победа сезонава и 4-та во кариерата. Џорџ Расел во Мерцедес се најде на второто место, задржувајќи го другиот болид на Мекларен – Ландо Норис, кој дефинитивно имаше интересна трка.

Во поредокот Норис продолжува да води со 77 бодови, но Пјастри сега има 74, па е блиску.

Макс Верстапен има 69 по многу тежок викенд за него.

Слични содржини