Пјастри: Јасно е дека Ред Бул ги крши правилата

од Vladimir Zorba
31 прегледи

Возачот на Формула 1 тимот Мекларен, Оскар Пјастри, изјави дека ако некој тим користи уред за промена на растојанието од подлогата на својот болид во услови на затворен парк, тоа е очигледно прекршување на правилата. Токму тоа го направи Ред Бул, а по Сингапур другите тимови побараа од ФИА да ги истражи овие постапки на светските шампиони.

Ред Бул негираше дека го смениле клиренсот на нивните болиди во затворениот парк, додека ФИА појасни дека немаат докази за употреба на тајниот уред на тимот надвор од дозволеното со правилата.

„Сите тимови во Формула 1 ги бараат границите на дозволеното со правилата“, ја коментираше ситуацијата Австралиецот. „Тоа е многу важно за Формула 1. Но, од она што го дознав за овој случај, не се работи за пронаоѓање на границите на правилата, туку за нивно кршење. Јасно е дека Ред Бул ги крши правилата. Останува да се види каква предност им дало тоа“.

Слични содржини