Пјастри на мета на Ред Бул

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Оскар Пјастри би можел да вози за Ред Бул почнувајќи од следната сезона. Ова го навести Хелмут Марко, сивата еминенција на австрискиот тим.

„Марк Вебер, менаџерот на Пјастри сака да разговара со нас“, изјави Марко.

Вебер долги години е возач на Ред Бул и сега неговата цел е да го донесе својот пулен во Ред Бул. Пјастри важи за еден од најталентираните млади возачи. Годинава зад воланот на Мекларен оствари две победи.

Во болидот на Ред Бул, Австралиецот би го заменил Серхио Перес, кој има многу лоша сезона во Ф1.

Формула 1 шампионатот продолжува викендов со трка во Мексико Сити.

Слични содржини