Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, победи на денешната трка за Големата награда на Холандија во Формула 1.
Пјастри ја освои својата седма победа во сезоната и деветта во кариерата во Холандија.
Ландо Норис од Мекларен беше втор до 65-тиот круг, кога мораше да се повлече поради дефект на автомобилот.
Актуелниот светски шампион и возач на Ред Бул, Макс Верстапен, го искористи „пехот“ на Норис за да заврши втор, додека возачот на Рејсинг Булс, Исак Хаџар, го освои својот прв подиум во својата дебитантска сезона.
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, го освои четвртото место во трката, додека бодови освоија и Алекс Албон (Вилијамс), Оливер Берман (Хас), Ленс Строл (Астон Мартин), Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Јуки Цунода (Ред Бул) и Естебан Окон (Хас).
Пијастри води во генералниот пласман со 309 бода, по него следуваат Норис со 275 и Верстапен со 205 бода.
Мекларен води во генералниот пласман со 584 бода, Ферари е втор со 260, а Мерцедес има 248. Следната трка во шампионатот на Формула 1 ќе биде Големата награда на Италија во Монца на 7 септември.