Пјеруиџи Галопи: Од следната сезона очекувам Брера Струмица да биде на европската фудбалска карта

од Симе Стоиков
157 прегледи

Деновиве во посета на „Брера Струмица“ престојуваше генералниот директор на “Брера Холдинг“ г-н Пјерлуиџи Галопи кој изрази задоволство од поставеноста, функционирањето и работата на клуб кој лани беше превземен од холдингот.

Тој заедно со претседателот Горан Пандев го следеа мечот против Гостивар во кој Брера дојде до бод доста важен за целт оваа сезона.

Пјерлуиџи Галопи потенцираше дека клубот во првата сезона оди во вистински правец. Како што кажа поставени се темелите во сите погледи како цврста основа за високи клупски дострели со текот на годините. Токму во тоа се уверил со неговото доаѓање во Струмица кој според него е позитивен фудбалски град.

„Ова е втор пат како сум овде во Струмица и повторно сум пријатно изненаден од гостопримливоста и позтивната енергија која ја има градот и жителите овде. Мислам дека одлично сме прифатени во ова прва сезона и полека ја исполнуваме целта за почетно позиционирање на фудбалската карта во Македонија. Од следната сезона очекувам Брера Струмица да биде на европската фудбалска карта да настапува во евро куповите и да гради квалитетни фудбалери“, беше дециден Пјеруиџи Галопи за сајтот на Брера Струмица.

Брера Струмица од минатата година е дел од Брера Холдинг чија задача е градење мрежа на спортски клубови. Со влегувањето на компанијата во Струмица се очекува ширење на брендот БРЕРА не само во Европа туку и во другите континенти со цел развој и градење на фудбалски центри.

Слични содржини