Пјонгјанг ги оцени изјавите на Бајден како провокација и мешање

од Nikola Popovski
209 прегледи

Висок севернокорејски службеник ја оценил како „мешање“ и „провокација“ осудата изречена од претседателот на САД, Џозеф Бајден, за истрелувањето ракети во Северна Кореја, објави денеска државната агенција „KCNA“.

„Тој вид забелешка на американскиот претседател е нескриено мешање во правото на нашата држава на самоодбрана и провокација“, рекол Ри Пјонг Чол, кој го надгледувал истрелувањето ракети, пренесува „KCNA“.

Северна Кореја вчера лансираше две балистички ракети, кои, според јапонските власти, паднале во Јапонското море.

Вчера, на првата прес-конференција по стапувањето на должноста, Бајден рече дека Северна Кореја ја прекршила резолуцијата на ООН лансирајќи балистички ракети и дека САД и нивните сојузници ќе одговорат во случај на ескалација.

Слични содржини