Севернокорејскиот министер за надворешни работи И Јон Хо говорот на Доналд Трамп во ОН го спореди со “лаење на куче” и ја минимизираше заканата на американскиот претседател дека САД може да бидат принудени целосно да ја уништат Северна Кореја, пренесоа агенциите.
“Постои изрека дека кучињата лаат а каравани врват”, изјави Џон Хо, известувачиот во седиштето на ОН во Њујорк.
Запрашан што мисли за прекарот “Човекот ракета”, како што Трамп го нарече севенокорејскиот лидер, тој одговори со сарказам дека “ги сожалува помошниците на Трамп”.
И Џон Хо ќе говори на седницата на Генералното собрание на ОН.
Неговата изјава е првата реакција од Северна Кореја на упатеното од Трамп најостро досега предупредување до Пјонгјанг и неговиот повик кон земјите членки на ОН да работат заедно за да се изолираат режимот на Ким Јонг Ун, додека не престане непријателското однесување.
“Ако Северна Кореја се закани на САД или нашите сојузници, истакна Трамп, ние нема да имаме друг избор освен целосно да ја уништиме. Човекот ракета презел самоубиство мисија за себе и за режимот”, изјави исто Трамп, цитиран од агенциите.