Компанија од холдингот Alphabet (под капата на кој оперира Google) работи на плагин за
прелистувачот Chrome, кој им овозможува на корисниците делумно или целосно да ги сокријат
коментарите во популарните сајтови.

Екстензијата „Tune“, создадена од „Jigsaw“, има неколку нивоа на подесување. Ако сакате,
корисникот може целосно да ги исклучи коментарите или да избере еден од достапните режими.
Во вториот случај, алгоритмите за само-обучување на машината кријат коментари со различен
степен на „токсичност“ – на пр. кои содржат навреди и клетви.
Истиот алгоритам сега се користи за модерирање на коментари на веб-сајтови, на познати
медиуми како „Њујорк тајмс“ и „Гардијан“.
Покрај тоа, корисниците можат да модерираат со помошта на „Tune“ коментари под видеоклиповите на YouTube и објавите на Reddit. Плагинот, исто така, функционира и на Facebook и Disqus.
Филтрираните коментари се прикажани во вид на точки. Кога корисникот ќе кликне на нив,
корисникот може да го прочита скриениот коментар.