Министерството за внатрешни работи информира дека поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против О.Р.(32) од кичевското село Чегране.
Според обвинението, тој на 23.01.2022, на бензинска станица во Кичево, пуштил во оптек банкнота од 500 евра, за која подоцна било утврдено дека е фалсификат.