363
МВР информира дека поднесена е кривична пријава против 36-годишна жена од Кавадарци поради „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“.
„На 11 номеври во продажен објект во Кавадарци, пријавената пронашла кредитна картичка од банка, сопственост на А.М. и без нејзина согласност во повеќе наврати извршила наплати во повеќе продажни објекти во Кавадарци, со што се стекнала со противправна имотна корист од 13.800 денари“, велат од полицијата.