Плaќaмe пocкaпи кaфaни, рaстaт цeнитe нa yгocтитeлcкитe ycлyги

од Берта Китинска
262 прегледи

Според податоците на Државниот завод за статистика цените на угостителските услуги во мај во споредба со април годинава се зголемени за 0,2 отсто, а споредено со мај лани за 9,7 отсто.

-Споредено по групи на услуги, зголемување во мај во однос на април годинава е забележано во групите Храна за 0,3 проценти и Алкохолни пијалаци за 0,1 процент.Цените на угостителските услуги за периодот јануари – мај 2022 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 7 проценти, a во однос на декември лани зголемувањето е за 5,3 проценти, соопштија од ДЗС.

Слични содржини