124
По повод ненадејната посета на американскиот претседател Џозеф Бајден на Украина, на Алејата на храброста во Киев беше поставена плоча со името на американскиот лидер, пренесува РИА Новости.
До името на американскиот лидер е испишан датумот на првиот повик и првата посета.
„24.02.2022. прв повик, 20.02.2023. посета“, стои на таблата.
На средбата Бајден повторно ја истакна големата поддршка на САД за Украина и рече дека се очекува нов пакет помош во вредност од 500 милиони долари.