Плакета за храброст и стипендија за високо образование за Јован, херојот кој спаси 20 лица од пожарот во Кочани

од Даниел Ѓорѓиевски
312 прегледи

На утрешната седница на Советот на Општина Виница, градоначалникот Миле Петков планира да предложи награда за младиот Јован Костадинов, кој покажа храброст и хуманост за време на трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Според Предлог-одлуката, Јован ќе добие Плакета во знак на признание за неговите напори да спаси дваесетина лица од опасноста. Исто така, Петков предлага да му се додели стипендија за високо образование на младиот херој, која ќе трае четири години.

„Тоа е најмалку што можеме да направиме за нашиот херој,“ рече Петков, нагласувајќи ја важноста на храброста на Костадинов.

Наградата е потврда на заедничката одговорност да се ценат оние кои во критични моменти покажуваат вистинска хуманост. Општина Виница очекува поддршка од советниците за оваа Предлог-одлука, која е важен чекор во признавањето на доблестите во заедницата, дополнува првиот човек на општината.

Слични содржини