План на НАСА: Нуклеарен реактор на Месечината

од Nikola Popovski

НАСА преку американското Министерство за енергетика објави оглас за компании кои можат да дизајнираат нуклеарен реактор на Месечината.

Тој реактор е клучен дел од планот на НАСА, Артемис за човечка мисија на Месечината и поставување постојана база. Според тој план, од базата на Месечината би била испратена мисија на Марс.

НАСА бара реактор што може да се испрати на Месечината и да работи таму заедно со соларни ќелии, батерии и горивни ќелии, за да се обезбеди енергија за производство на вода и други залихи за базата.

Според планот Артемис, луѓето треба да слетаат на Месечината во 2024 година, но тој датум најверојатно ќе биде поместен, стои во објавата на официјалниот сајт на НАСА.

НАСА планира да вклучи и други владини агенции и приватни компании во мисијата.

На конкурсот за нуклеарна централа на Месечината, за идејното решение беа понудени пет милиони долари, а рокот за пријавување е 17 февруари 2022 година.

Слични содржини