“Војната на планетата на мајмуните” издоминира на северноамериканските благајни овој викенд со приходи од продажба на билети во вредност од 56,3 милиони долари.
Лентата успеа да го симне од првото место “Спајдермен: Враќање дома”, чии приходи беа речиси половина во споредба со дебитерскиот тридневен викенд на почетокот на месецот и оваа недела тој освои 44,2 милиони долари.
Новиот филм за интелигентни мајмуни ја раскажува приказната на приматот Цезар (во улогата Енди Саркис) и други примати, кои се бореа против злобниот диктатор-човек (Вуди Харелдсон).
Лентата веќе го ужива и одобрението на гледачите со рејтинг од 95% во сајтот за филмови Rotten Tomatoes. На трето место овој викенд со далеку помалку приходи е анимираната комедија “Јас, проклетникот 3” во кој играат Стив Карел и Кирстен Уиг, која освои 19,4 милиони долари.
Според податоците на сајтот “Холивуд репортер” филмот се претставил многу подобро во странство со приходи на глобално ниво од 519,4 милиони долари, вклучувајќи ги и извонредните 113,6 милиони само во Кина.
На четвртото место во Северна Америка застана филмот “Baby Driver” со Ансел Елгрот во главната улога на возач на криминалци со 8,7 милиони. Долари. Петта пак застана независната романтична комедија “The Big Sick” со приходи од 7,5 милиони долари.