Најмалку 2.593.872 луѓе починаа од коронавирус во светот, а повеќе од 116.768.620 се заразени, пренесе агенцијата „Франс прес“ во врска со новиот биланс собран до денес на пладне по средноевропско време.
Бројот на официјално заразени не го одразува реалниот број на заразени, бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои им е потребно болничко лекување.
Во споредба со вчера, уште 5.034 лица починаа во светот, а беа потврдени 360.341 нов случај на инфекција.
Најголем број смртни случаи претходниот ден забележаа Бразил со 1.086 смртни случаи, САД (617) и Русија (379).
Соединетите држави се најпогодена земја според бројот на смртни случаи и бројот на заразени со 525.035 смртни случаи и 28.999.266 заразени, според пресметките на Универзитетот Џон Хопкинс.