Стотици тела на борци од “Исламска држава” (ИД) лежат по улиците на Источен Мосул, пренесе Ројтерс. Телата останаа непогребани откако делови на армијата под команда на Багдад и локални милиции го зазедоа овој дел на северниот ирачки град на 18 јануари 2017 година
Изложеноста на труповите е дел од психолошката војна против џихадисти.

“Ние сакаме да испратиме јасен сигнал до оние кои сакаат да се приклучат кон ИД”, рече војникот Ибрахим Мохамед пред репортер на британската медиум. “Мртвите џихадисти  се пример за обичните жители на вториот по големина град во немирната блискоисточна земја, кои се уште не можат да се ослободат од траумите предизвикани од двегодишното управување на ИД. Во исто време труповите се разложуваат и стануваат причина за појава на зарази.

Освен тоа врз многу тела имаат појаси со експлозиви, кои можат да грмнат во секој момент “, додава новинарот од британските медиуми во обемната репортажа од Блискиот Исток.