Пластичните визири скоро целосно се неефикасни во спречување на короната

од Aleksandar Petrovski
356 прегледи

Пластичните визири се скоро целосно неефикасни во задржувањето на респираторните аеросоли, велат јапонските научници кои се сомневаат во нивната ефикасност во спречувањето на ширење на коронавирусот.

Симулацијата со употреба на Фугаку, најбрзиот супер компјутер на светот, откри дека скоро 100 проценти од капките помали од 5 микрометри „избегале“ во воздухот, пишува Гардијан.

Еден микрометар е милионити дел од метарот. Околу половина од поголемите капки од 50 микрометри биле во воздухот, според Рикен, владин институт за истражување во западниот град Кобе.

Научниците во Велика Британија ја критикуваа владата за нагласување на важноста на миењето на рацете, истовремено потценувајќи го пренесувањето на аеросолите, фактор што го истакнаа јапонските власти во советите за јавно здравје низ целата пандемија.

Бидејќи некои земји се обидоа да ги отворат своите економии, визирите станаа вообичаени во секторите каде се потенцира јавниот контакт, како што се продавниците и салоните за убавина.
Макото Цубокора, водач на тимот од Центарот за компјутери Рикен, предупреди дека носењето визир не е алтернатива за маските.

„Според резултатите од студијата, за жал, ефективноста на визирот во спречување на ширење на капки од устата на заразено лице е ограничена во споредба со маските“, изјави Цубокура за „Гардијан“.

Тој исто така рече дека се пронајдени значително помали честички од аеросоли што минуваат низ просторот помеѓу лицето и визирот.

Слични содржини