„Плата или судир“: Шпанците на улица поради високата инфлација

од Nikola Popovski

Илјадници шпански работници протестираа денеска во Мадрид, на покана на водечките синдикати, барајќи повисоки плати поради високата инфлација.

Членовите на двата водечки синдикати (UGT и CCOO) излегоа на протести под слоганот „Плата или судир“.

Синдикатите бараат владата и бизнис лидерите да се договорат за зголемување на минималната плата над сегашните 1.000 евра месечно, поради неконтролираната инфлација која неодамна почна да се забавува.

Учесниците на протестот наведуваат дека нивните плати моментално не ги покриваат ниту трошоците за основните потреби.

Како и во другите земји, и во Шпанија има зголемување на цените предизвикано од зголемената цена на горивото, поради намалувањето на понудата предизвикано од руската инвазија на Украина.

Повисоките цени на храната во Европа ги поттикнаа протестите низ целиот континент. Инфлацијата во Шпанија го достигна својот врв во јули, кога беше 10,8 отсто, а во октомври беше 7,3 отсто.

Фото: Beta/AP/Manu Fernandez

Слични содржини