Платата на Мурињо е двојно поголема од онаа на Почетино

од Aleksandar Petrovski

Новиот менаџер на Тотенхем, Жозе Мурињо ќе добие скоро двојно повеќе плата од неговиот претходник Маурисио Почетино, пишува „Дејли Мејл“.

Според информациите, Португалецот ќе заработува 15 милиони фунти годишно во Тотенхем.

Од клубот, пак се надеваат дека Мурињо ќе донесе значаен број на трофеи.

Тој претходно ги водеше Челзи и Манчестер јунајтед во Премиер лигата.

Мурињо го комплетираше и стручниот штаб со тренерите Жоао Сакраменто и Нуно Сантош од Лил.

Сакраменто ќе ја преземе улогата на помошник тренер на Специјалниот. Покрај Лил, сонародник на Мурињо работеше и во Монако и во Кардиф Сити.

Друго ново име во штабот на новиот менаџер на „петлите“ е тренерот на голманите, Нуно Сантош, кој исто така доаѓа од „кучињата“. Тој на оваа позиција го заменува Силвињо Лоуро, кој во овој случај нема да му помога на Мурињо.

Другите луѓе во неговиот тим се Карлос Лалин (фитнес тренер), Џовани Чера (аналитичар) и Рикардо Формосињо (извидник), кој повторно ќе работи рамо до рамо со Португалецот.

Слични содржини