Вработените во Пошта до петок ќе ја одбијат септемвриската плата.
Oва било договорено на денешната средба на министерот за транспорт Бочварски и директорот Васко Стефанов со претставници на синдикатот.
Од министерството по средбата информираа дека договорено е и платите за наредните месеци да бидат исплатени во законски предвидениот рок.
-Владата ќе го разгледа и барањето за задолжение до сите државни институции да ги користат услугите на АД Пошти, и истовремено се задолжува друштвото да направи план за намалување на непродуктивните расходи, рационализација согласно препораките на владата.Управниот одбор на АД Пошти ќе започне со изготвување на нова систематизација и нова реонизација за максимална продуктивност на вработените. Владата ќе го следи целокупниот процес на реорганизација, рационализација и оптимизација на работењето на АД Пошти, процес кој ќе започне веднаш и ќе трае до 31 декември. – соопштија од министерството.