Пленковиќ: Косово е независна држава, Милановиќ ѕвезда во руските и српските медиуми

од Nikola Popovski
215 прегледи

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека Косово не е анектирано затоа што тогаш би било припоено кон друга држава.

– Никој не го анектирал Косово затоа што тогаш ќе го припоиле кон друга држава. Не знам за концептот на екстракција во меѓународното право – рече Пленковиќ во врска со изјавата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ дека меѓународната заедница го анектирала Косово.

По седницата на поширокото Претседателство на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Пленковиќ рече дека „важно е дека Косово е независна земја со која Хрватска има дипломатски односи“, пренесе „Н1 Загреб“.

– Она што е важно е дека Косово е независна земја со која имаме дипломатски односи, дека нашиот министер (економија и одржлив развој) Давор Филиповиќ беше на Косово, дека со него отидоа околу 50 наши бизнисмени – рече Пленковиќ и оцени дека Милановиќ „не е ѕвезда само во руските, туку и во српските медиуми“.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ претходно денеска изјави дека меѓународната заедница го „анектирала Косово“.

– Го анектиравме Косово. Ние и меѓународната заедница. Косово е одземено од Србија. Кој го направи тоа освен ние? Дали го признавме Косово? Тоа не е анексија, тоа е одземање. Како се вика? Екстракција. Не по врат, туку по шија. Ова не е доведување на Косово во прашање, туку целиот концепт, рече Милановиќ.

Слични содржини