Пленковиќ: Следуваат нови рестрикции во Хрватска

390 прегледи

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денес потврди дека Штабот за цивилна заштита во текот на наредните денови ќе донесе нов пакет мерки, со цел да се прекине ширењето на вирусот.

Посочи и дека поркај бројките на новодијагностицирани кои се помали од октормври, сепак, и натаму е висок процентот на заболени од Ковид 19.

„Мерките го забавија ширењето на епидемијата, но кривата не почна да паѓа на начинот на кој би сакале тоа да се случи“, посочи Пленковиќ.

Како што вели, потребни се дополнителни напори за да се намали оптоварувањето на здравствениот систем, пренесува порталот Индекс.

Хрватскиот вицепремиер и шеф на штабот за цивилна заштита, Давор Божиновиќ, истакна дека се подготвени опции за воведување на дополнителни епидемиолошки мерки за цела Хрватска, со оглед на тоа што постојано се зголемува бројот на заразени.

„Ние мора да сториме се за да ја оддржиме функцијата на здравствениот систем, особено на болничкиот“, истакна Божиновиќ.

Слични содржини