Пленковиќ: Србија мора да внимава која страна ќе ја избере, не е време за седење на две столчиња

од Stefanija Kuzmanovska
373 прегледи

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ накратко ја коментираше ситуацијата во Србија и недоаѓањето на Сергеј Лавров.

Да потсетиме, Лавров не може да дојде во Србија бидејќи Црна Гора, Северна Македонија и Бугарија го затворија воздушниот простор.

Пленковиќ кусо прокоментира дека сето тоа е работа на Србија и Русија и дека нема никаква врска со Хрватска.

„Тоа е прашање на Русија и Србија, тоа нема врска со нас. Србија мора да внимава која страна ќе ја избере и држи, ова не е време за седење на две столчиња“, рече Пленковиќ на прес-конференција.

Слични содржини