ПЛЕНКОВИЌ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА: Сопругата на хрватскиот премиер има корона

од Vladimir Zorba
306 прегледи

На хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ му е одредена десет дена самоизолација, откако беше утврдено дека неговата сопруга има корона.
Ана Маслач Пленковиќ има температура и тестот покажа дека е позитивен, додека тестот на кој отиде Пленковиќ во саботата покажа дека е негативен. Премиерот ќе ја продолжи својата работа од дома.

Мистериозната сопруга на хрватскиот премиер, која работи во хрватскиот парламент, ретко се појавува во јавноста и го придружуваше својот сопруг кога тој отиде на аудиенција кај папата Франциск и при некои важни посети на странски државници.

Семејството Пленковиќ има две деца и живеат во стан во станбена зграда во северниот дел на градот. Ана Маслач е по потекло од Дубровник, по професија е адвокат и работи во парламентарна служба за правни работи.

Слични содржини