Пленковиќ: ЕУ и Хрватска нема да воведат санкции за претставниците на Република Српска

од Nikola Popovski
22 прегледи

Претседателот на ХДЗ и хрватски премиер Андреј Пленковиќ изјави дека е уверен оти ЕУ нема да воведе санкции за претставниците на Република Српска, а тоа нема да го направи ниту Хрватска.

„Ми се чини дека иницијативата за усвојување санкции на ниво на ЕУ нема да помине. Следејќи ги позициите на земјите-членки, тоа не е реално“, изјави Пленковиќ пред новинарите во Мостар по состанокот во понеделникот со претседателот на ХДЗ БиХ, Драган Човиќ.

Пленковиќ истакна дека Хрватска не е во иста позиција како некои земји од ЕУ.

„Ние сме први соседи, Бања Лука е буквално час и половина од Загреб, а ние од таа страна сакаме да испратиме смирувачки пораки кои ќе поттикнат дијалог, ќе ги вратат работите на нивното вистинско место, а вистинското место е решенијата за иднината на БиХ да се најдат меѓу политичките партии и институциите во БиХ“, рече Пленковиќ, пренесе Срна.

Тој посочи дека се друго не е добро, бидејќи тоа би довело до поголеми тензии, забавување на европскиот пат и лоша економска состојба.

Пленковиќ истакна и дека Босна и Херцеговина нема друг пат кон европскиот пат кој ќе обезбеди хармонично функционирање на БиХ, пренесува РТРС.

Слични содржини