30
Хрватскиот шремиер Андреј Пленковиќ утрово го разрешил Вили Берош од министерската функција во ресорот здравство.
Како што јавуваат хрватските медиуми, тој ја назначи д-р Ирена Хрстиќ како државна секретарка која ќе раководи со Министерството за здравство до стапување на функцијата на новиот министер, соопштија од хрватската Влада.
Ова следува по полициската акција на хрватската полиција во која беше уапсен министерот.
Од тамошната полиција известија дека во Загреб и Скрадин во тек се апсења и спроведување на итни доказни дејствија за повеќе лица, од кои едното е висок државен функционер, кои се осомничени за сторени коруптивни кривични дела.