Пленковиќ: Хрватска ја разбира С. Македонија, со влегувањето во ЕУ ќе го заштитите идентитетот

од Nikola Popovski
161 прегледи

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ вели дека со нетрпение ги очекува разговорите со македонскиот државен врв и порача дека двата народи – македонскиот и хрватскиот се два пријателски народи и дека двете земји се пријателски.

Тој се осврна и заедничката солидарност кон Украина, за која рече дека ќе продолжи и во иднина.

-Ова е одличен почеток на разговори во Владата, додаде Пленковиќ.

Запрашан како ги коментира предлозите на македонската опозиција за устав по хрватски терк, хрватскиот премиер вели:

-Тоа би го оставил на партиите и институциите на Македонија. Тоа е единствен начин да се донесат стратетигиски одлуки кои што се важни. Она што го сметам за добро е да се постигне консензусот зад кој ќе застанат сите-и народот и нивните претставници во власта. По мое тоа мора да биде кое ќе ги елиминира неправдите кон С. Македонија и ќе ги намали фрустрациите. Ако има некој кој ве разбира, тоа сме ние. Знаеме дека одлуките што ги донесовте не беа лесни и едноставни, но испадна дека секогаш постои уште еден предуслов. Ако Украина доби кандидатски статус или Грузија или Молдавија, ако Црна Гора или Србија преговараат, сега е моментот во тој контекст и С. Македонија да се вклучи на начин со кој што ќе се зголеми динамиката на пристапниот процес, рече Пленковиќ.

Тој додаде дека „со влегувањето во ЕУ, Македонија како народ и земја ќе го заштити својот идентитет“.

Слични содржини