Пленковиќ: Македонија заслужува и ќе биде членка на ЕУ

од Nikola Popovski
139 прегледи

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој е во официјална посета на земјава, во своето обраќање пред пратениците во Собранието оцени дека неговиот престој во Скопје претставува нов чекор во продлабочување на нашите и онака квалитетни односи.

Пленковиќ порача дека С. Македонија заслужува и ќе биде членка на ЕУ.

-Посебно ми е мило што мојот поранешен и некогашниот главен советник Владимир Дробњак сега е советник на вашата Влада и ви ги пренесува искуствата што тој лично ги има. Хрватска оваа година ќе одбележи десет години членство во ЕУ, рече меѓу другото хрватскиот премиер.

Тој е убеден дека нашата земја ќе ја оствари целта со помош од пријателите и нашите напори.

-Не само што Хрватска и Северна Македонија немаат отворени проблеми, туку и нашите односи секој ден се поблиски и посодржински. Тоа особено откако Северна Македонија стана членка на НАТО, со што станавме сојузници. Да живее пријателството меѓу Хрватска и Македонија, потенцира Пленковиќ во својот говор во Парламентот.

Слични содржини