Пленковиќ утре во посета на земјава

од Nikola Popovski
162 прегледи

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре ќе престојува во еднодневна посета на нашата земја, соопштија од хрватската влада. Тој ќе биде придружуван од хрватскиот министер за економија и одржлив развој, Давор Филиповиќ и хрватската парламентарна претставничка на албанското, бошњачкото, црногорското, македонското и словенечкото национално малцинство Емина Лекај Прљаскај.

За време на престојот во Скопје, премиерот Пленковиќ ќе се сретне со македонскиот премиер Димитар Ковачевски, со шефот на државата, Стево Пендаровски и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, при што ќе се обрати пред пратениците на свечена собраниска седница.

Пленовиќ ќе се сретне и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и со поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот Стефан и со бискупот скопски на Католичката црква во Република Северна Македонија Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов.

Официјалната посета на премиерот Пленковиќ ќе заврши со средба со претставници на хрватската заедница и хрватските компании во Македонија.

Слични содржини