Пленковиќ од Тирана: Не е време Србија да седи на две столчиња

од Nikola Popovski
277 прегледи

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан изјави дека е време Србија, доколку сака да влезе во ЕУ, да ја усогласи својата позиција со ЕУ во областа на надворешната политика. Тој рече дека „сега не е време за седење на две столчиња“.

Запрашан да ги коментира критиките дека некои и упатуваат на Србија дека не игра позитивна улога во регионот и дека е под влијание на Русија, Пленковиќ рече дека во подготвената Декларација што ќе биде потпишана по ЕУ-Западен Балкан Самит, обврската на земјите од регионот да ја усогласат својата надворешна и безбедносна политика со ЕУ, пренесува Н1.

„Сега не е време за седење на две столчиња“, изјави Пленковиќ од Тирана.

Слични содржини