Денеска на пладне, студентите планираат да ги окупираат и техничките факултети, а со исто темпо се продолжува и окупацијата на Универзитетскиот кампус. Студентите утрото го зпаочнале со утринска гимнастика и алтернативни предавања, каде што дел од нивните професори кои им дадоа поддршка се таму и тие ги одржуваат предавањата.

FOK

– Ние продолжуваме со исто темпо, се додека владата не ги прифати нашите барања. Тука се и дел од нашите професори и заедно ја биеме битката – тврдат од Студентскиот пленум.

Студентите велат дека остануваат на факултетите сè додека измените на Законот за високо образование не се укнат целосно, за да се подготви нов закон во кој рамноправно ќе учествуваат сите засегнати страни.

– Досега најава за средба со сите засегнати страни за подготовка на нов закон за високо образование нема. Политичката ситуација е таква што актуелната власт е притисната многу и тие сакаат да нè тргнат од врат. Меѓутоа, ние нема да го дозволиме тоа бидејќи јас сум сигурен дека откако ќе си ги решат другите нивни проблеми, ќе сакаат да се пресметаат со нас. Ние не ја прифаќаме таа игра затоа што волкот влакното го менува, но карактерот не – вели Демири.

Во автономната зона денеска ќе има „утринско будење“ со професорката од Факултетот за драмски уметности Кренаре Невзати, а потоа предавање со Артан Садику на тема „Заземање на животниот простор: политиката и битието во револт“. За попладне закажани се имитации и етиди, испитна вежба на студентите од ФДУ, потоа изложба на студентите од Факултетот за ликовни уметности и музички перформанс на студентите од Факултетот за музички уметности. За вечерта, од 20 часот закажана е „судентска кино-енергија“. Студентите и вечерва ќе спијат во автономната зона.

 

Фото : Фокус

Видео: НОВА

Слични содржини