Студентскиот пленум со отворено писмо бара од Сенатот на УКИМ да го поништи досегашниот процес за избор на Ректор закажан за понеделник поради, како што велат, нелигитимни претставници во студентскиот Парламент кој гласа на изборот.
Тие сметаат дека е неопходно да се направат демократски и транспаренти избори на студентите, а потоа да се избира Ректор. Во писмото, студентите алармираат дека доколку изборите за ректор се одржат во јуни или секој понатамошен месец во кој постои нелегален Студентски парламент, истите се невалидни. Таквата одлука ќе биде гласана од членови без легитимитет.
Претставниците на Студентскиот Парламент се нелаглни бидејќи нивните мандати се истечени, а последен пат избори се одржани на 10.10.2012 година. Претседателството на парламентот не одржува седници и нема никакви информации дали воопшто собранието на СПУКМ се собира и носи одлуки – се наведува во писмото.
Друг голем проблем, како што посочуваат од Пленумот е и инсистирањето на студентските претставници да одржат избори на 30 јуни 2016 година, кога нема ниту еден студент присутен на факултетите, а редовната настава и редовните сесии се завршени. Пленумот бара за овој процес да се оформи комисија при УКИМ составена од професор и студенти кои се грижат за спроведување на изборите бидејќи ова што се случува е фрапантно кршење на студентските права од страна на студентскиот парламент.
„Шарената револуција“ најави нов протест в понеделник во 19 часот
Изборот за Ректор е закажан за в понеделник, а според последната анкета на Факултети.мк, фаворит е актуелниот декан на Машинскиот факултет, Атанас Кочов. За него гласале 210 од вкупно 570 гласачи или речиси 38 отсто од анкетираните. Веднаш зад него со 98 гласа или 17,7 проценти е Александар Димитров, професор на Технолошко металуршкиот факултет.
Кандидатката Елена Думова Јованоска од Градежниот факулет доби 71 гласа или 12,8 проценти од гласовите од нашата анкета. Ист број на гласови имаат актуелниот декан од Медицинскиот факултет Никола Јанкуловски и професорот од ПМФ Ненад Новковски кои имаат по 60 гласови. Најмалку гласови има професорот Коле Василевски од Шумарскиот факултет со освоени 56 гласови или 10.1 проценти од анкетираните.
Пред два дена, Пленумот организираше симболични избори пред затворените порстории на студенсткиот парламент, а таа герила акција беше и повик до студентите да ги бојкотираат изборите за претседател на Парламентот.