Бугарија мора да и помогне на Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ и да не падне во политиката на национализам.
Ова го изјави поранешниот претседател на Бугарија Росен Плевнелиев, кој учествуваше на дискусијата за Западен Балкан на Економскиот форум Делфи во Грција.
„Треба со нашите постапки да покажеме дека Бугарија е возрасната во просторијата, дека се однесува одговорно, дека има план и тој план е за целосна интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ и НАТО, бидејќи ова е единствениот начин да се има траен мир на Балканот. Да не го потенцираме погрешно сфатениот национализам, елементарните, малите, борбените настапи, туку погледнете ја големата слика, што значи – да преговараме со нашите меѓународни партнери, да помогнеме да ја вклучиме и РСМ, која е многу помала од нас“, рече Пленелиев.