Ахмед Хафнауи, пливач од Тунис, ја шокираше планетата кога освои златен медал на трката на 400 метри слободно.
Иако едвај влезе во финалето со најслаб резултат од сите конкуренти, тој во неверојатна трка ги победи фаворизираните Американци и Австралијци.
Овој осумнаесетгодишник беше шокиран од самиот резултат.
„Кога го допрев базенот и видов дека сум првиот, бев толку изненаден. Кога влегов во вода, не размислував за времето, само за медалот“, рече Хафнауи.
Целата трка ја следеше неговото големо семејство, кое падна во транс, како што се движеше поблиску до крајот, а во моментот на крајот на трката, просторијата експлодираше од среќа и радост.
Ništa bez porodice :,)
Familija mladića iz Tunisa gleda kako im dete osvaja zlato na Olimpijadi 🖤 pic.twitter.com/l3Vi3eWtxz— Libertina (@Hetera7) July 25, 2021