Американската раперка Лизо (31) доби најмногу номинации за Греми кои ќе се одржат во 2020 и откогаш е во центарот на вниманието. Неодамна, таа ги изненади обожавателите кога објави голи фотографии на социјалните мрежи.
– Насликај ме како твојата француска кучка – напишала раперката во описот, реферирајќи на иконската реченица на Роуз во филмот Титаник.
Иако Лизо не обрнува внимание на негативните коментари, многу следачи и оставија такви.
„Толку многу талент, а толку малку самопочит“, пишувале во коментарите нагласувајќи дека тоа воопшто не е убаво.
Потоа, Лизо објави видео на кое ползи по каучот.
Ова не е прв пат Лизо да објавува голи фотографии. Пред една недела таа објави фотографии од голиот задник. Покрај оние кои ја критикуваат, има и такви кои се инспирирани од нејзината самодоверба.
„Ја обожувам твојата самодоверба, би сакала да бидам како тебе, навистина инспирираш“, ѝ напишала една обожавателка.