Четворица тешко повредени полицајци се донесени во Кумановската болница, потврди за Плусинфо д-р Драган Тасевски. Сите се во тешка состојба.
Неофицијално, се шпекулира дека има и загинати. За ова немаме потврда, објавува Плусинфо.
Во престрелката меѓу полицијата и сè уште неидентификувана вооружена група утрово во Kуманово повредени се 12 полицајци, а меѓу нив неколку со тешки повреди, објави и Телма . Светлана Спасовска од Карил во Кумановската болница за Телма изјави дека на тројца од полицајците им била укажана лекарска помош, но сите се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје кој е под силно полициско обезбедување.
Засега официјални информации од МВР за акцијата што утрово започна околу 4 часот, е од помошникот министер Иво Котевски кој кусо изјави дека акцијата е во тек и ќе соопштат детали по нејзиното завршување.
Државната агенција МИА ојави дека има полициска акција во Куманово за разбивање вооружена група, во која се вели:
МВР презема мерки за развивање на вооружена група во кумановската „Дива населба“, потврди за МИА портпаролот на МВР Иво Котевски. Акцијата, која се одвива по претходно добиени оперативни сознанија дека во тој дел од градот има вооружена група, се уште трае.
Од МВР апелираат граѓаните да останат мирни. Од итна помош информираат дека имаат две екипи на терен во тој дел од градот, но и тие немаат детални информации за евентуални повредени лица.
Истрели од рафално оружје, звук на хеликоптери ги возменирија кумановци од четири часот утрово. Најмногу се слушаат во „Дива Населба“, но и во речиси целата зона во тој дел од градот. Вработените од фирмите кои се лоцирани во западниот дел од градот биле вратени, бидејќи улиците се затворени. Граѓаните оттаму велат дека полиција има на секој чекор и дел од улиците во градот затврени се за сообраќај особено во деловите „Поток Серава“ и „Чик“.Неколку часа се слушаат пукотници, рафални стрелби. Над тој дел од градот,се уште кружи и хеликиоптер.
Се претпоставува неофицијално дека бројката на поврдени во акцијата е дестеци полицајци и некои цивили. Пукотниците во Куманово во моментов се престанати, но во градот влегуваат нови полициски сили со оклопни возила.


