Серхио Рамос и Реал Мадрид вчера објавија дека шпанскиот стопер ќе го напушти клубот ова лето, а со неговото заминување, позицијата капитен во клубот од Мадрид ќе остане празна.
Шпанска „Марка“ денес пишува дека Марсело, Карим Бензема и Рафаел Варан се играчите кои ќе ја преземат лентата, секако, капитен е Марсело, а заменици Бензема и Варан. Зад споменатите тројца стои Начо, кој е малку пред Лука Модриќ.
Марсело ќе стане првиот странски капитен на Реал Мадрид од 1904 година, 15 години по зачленувањето во клубот. Англичанецот Артур Џонсон беше првиот странски капитен на клубот, уште во 1902 година.
Него го замени Кубанецот Хозе Гиралт, додека последниот странец кој ја носеше лентата на Реал беше Федерико Ревиерто (Гватемала). По него, лентата ја носеа само Шпанци.
Рамос има освоено 12 титули во неговите шест сезони како капитен, повеќе од Икер Касиљас (кој освои седум од пет) и Раул (кој освои четири од седум).