Челниците на Борусија Дортмунд се одлучија на потег кој ќе растажи многу навивачи.
Легендарниот играч, Марко Ројс најверојатно нема да добие нов договор, што значи дека по оваа сезона ќе го напушти тимот.
Во Дортмунд е 12 години, а со клубот ги доживеа сите добри и лоши моменти.
Оваа вест дојде од редовите на најпознатиот германски спортски сајт „Билд“.
Ројс оваа сезона одигра 24 натпревари во сите натпреварувања, каде постигна шест гола и додаде три асистенции. А како нов стар клуб се споменува Борусија Менхенгладбах од каде пред 12 години пристигна во Дортмунд.
Марко Ројс ќе остане во срцата на сите навивачи на Дортмунд, бидејќи за разлика од огромното мнозинство соиграчи, тој реши никогаш да не го засили тимот на Баерн, што многу значеше за сите приврзаници на „милионерите“.
Германецот во Дотрмунд е од 2012 година, а со овој тим успеа да игра во финалето на Лигата на шампионите, единствено што недостасуваше беше титулата која „жолто-црните“ одамна ја немаат видено.