По 142 години јули е најтоплиот месец

од desk4
477 прегледи

 

Американската национална администрација за океани и атмосфера (НОАА) вели дека јули 2021 година бил најтоплиот месец од почетокот на водење евиденција пред 142 години.

Според податоците објавени од САД, јули 2021 година бил најтоплиот месец регистриран на Земјата. Американската национална администрација за океани и атмосфера (НОАА) соопшти дека комбинираната температура на копното и површината на океанот низ целиот свет била за 0,93 степени Целзиусови над просекот на 20 век од 15,8 C.

Оваа температура го надминува претходниот рекорд во 2016 година за 0,01 степен, кој потоа беше израмнет во 2019 и 2020 година. “Јули е типично најтоплиот месец во светот во годината, но јули 2021 година се надмина себеси како најтоплиот јули досега регистриран. Овој нов рекорд го надополнува вознемирувачкиот и пореметувачки пат што климатските промени го поставија за светот.

Минатиот месец бил втор најтопол во Европа досега и трет најтопол на глобално ниво. Службата за климатски промени на Европската унија „Коперникус“ соопшти дека единствениот потопол јули во Европа бил во 2010 година.

Слични содржини