104
Една година и шест месеци затвор добија поранешните директори на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими и Артан Етеми за пожарот во Модуларната болница, а Клиничката болница како правно лице е одговорна за кривичното дело „предизвикување на општа опасност.
Двајцата се товареа за „тешки дела против општата сигурност“.
На почетокот на судењето тие се изјаснија дека не се виновни. Првата пресуда за директорите беше условна, а болницата беше прогласена за виновна за делото „предизвикување општа опасност“. Гостиварска Апелација го врати предметот во Тетовскиот суд поради нејаснотии во пресудата.
Во пожарот во модуларната болница што се случи на 8 септември 2021 загинаа 14 пациенти и нивни роднини.