По 15 месеци бојкот опозицијата од утре во парламент

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Согласно договорот од Пржино пратениците на опозициската коалиција  по 15 месеци бојкот ,утре се враќаат во Собранието на Република Македонија.

sdsm_pratenicite

Избраните пратениците на СДСМ и нивните коалициони партнери 15 мецеси ја бојкотираа работата на собранието, а во тој период сепак имаа вонпарламентарни активности за да бидат поблику до граѓаните и за да не ги обвинуваат дека напразно ја земале платата. Враќањето тие го поврзуваат со роковите за спроведување на договорот на Хан, и она најбитното изгласување на она што се дговора меѓу власта и опозицијата,  со медијација на меѓунароната заедница.

.Според договорот од Пржино на 15-ти септември собранието треба да гласа за избор  на специјален јавен обвинител кој ќе работи на случаите со прислушувањето.

Последните недели, пратениците посетуваа и обука како да дејствуваат, да се обраќаат и како да се однесуваат во парламентарниот доми  во работата на парламентот.