194
Амбасадорката на Република Северна Македонија Агнес Руси Поповска денеска му ги предаде акредитивните писма на бугарскиот претседател Румен Радев.
Скоро две и пол години С.Македонија немаше свој амбасадор во Бугарија.
Во април 2020 година истече мандатот на тогашниот претставник Маријан Ѓорчев. Претседателот Стево Пендаровски на 9 септември 2022 година потпиша указ за именување на Поповска за амбасадор.
Руси-Поповска е првата жена амбасадор на земјава во Софија, од 12 јануари 1992 година, пред 30 години, кога Бугарија ја призна независноста на тогашната Република Македонија, од Владата на Филип Димитров и беа воспоставени дипломатски односи.