По 21 година: Ја соопштуваат пресудата на Караџиќ

од Vladimir Zorba
79 прегледи

70-годишниот водач на босанските Срби уште тврди дека е невин

рк

21 години по масакрот во Сребреница Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија ќе  ја соопшти најважната пресуда во историјата – пресудата на Радован Караџиќ..Поранешниот воен лидер на босанските Срби Радован Караџиќ, кој се криеше 13 години од правдата, а потоа помина во Меѓународниот трибунал во Хаг само уште некој час , денес треба да ја чуе пресудата за геноцидот во Сребреница.Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија ќе ја претсави  денес најважната казна во 23-годишната историја, која ќе утврди дали Караџиќ е виновен за геноцидот врз муслиманите во Сребреница, најкрвавите злосторство во Европа по Втората светска војна.Karadzic.portrait.ICTY

Генерал Ратко Младиќ , сметан за изведувач на плановите на Караџиќ, исто е суден во Трибуналот и процесот против него треба да заврши оваа година. Бројот на загинатите за време на војната во Босна, ќе ги соочат еден против друг православните Срби, Бошњаците муслимани и католиците Хрвати, беше близу 100 000 луѓе. 38 000 од нив – цивили, главно муслимани, покажуваат податоците на сараевскиот Центар за истражување и документација. Половина од 4,4-милионското население на земјата се изселијаа. Околу 8.000 босански муслимани беа убиени само во Сребреница во јули 1995 година Сараево беше под опсада 44 месеци за време на војната. Српски снајперисти и артилерија  бомбардираа од свои позиции во планините, при што беа убиени над 10 000 луѓе од сите етнички групи. Караџиќ и Младиќ, поддржани од српскиот лидер Слободан Милошевиќ во Белград, се обвинети за планирано  етничко чистење и создавање на чиста српска зона во Босна.

Милошевиќ исто беше суден во Трибуналот, но умре од инфаркт пред 10 години, пред пресудата му да биде изречена. Караџиќ, кој сега е на 70 години, беше уапсен во Белград во јули 2008 година, по 13 години бегство од правдата.Karadzic RT YouTube

Додека се криеше, тој си беше пуштил огромна брада и беше go променил својот идентитет, i се промовирал како алтернативен исцелител. Тој изјави дека е невин по сите обвиненија, и се брани сам за време на процесот, вклучувајќи 497 судски рочишта, сослушување на 586 сведоци и 800 000 страници документација.

Денеска во Хаг пресуда за Радован Караџиќ