Либералната партија ги утврди кандидатските листи за пет изборни единици за престојните парламентарни избори закажани за 11 декември.
Носител на кандидатската листа во Првата изборна единица ќе биде претседателот на ЛП Ивон Величковски, а потпретседателот на партијата Кире Бузлиев е носител во Втората изборна единица. Во тројката ноистел на листата е Данчо Марковски, а во четворката Даница Јованова. Во Петтата изборна единица кандидатската листа ќе ја предводи Кице Мицковски.

Партијата денеска соопшти дека Извршниот комитет е овластен да ги утврди евентуалните листи на кандидати за Шестата и Седмата изборна единица.
Кандидатските листи на ЛП за петте изборни единици се утврдени на синоќешната седница на Централниот комитет на која се обрати претседателот на партијата Ивон Величковски.
Тој меѓу другото истакна дека по 22 години, ЛП повторно самостојно ќе настапи на претстојните избори.
– Го имам задоволството да ви се обратам како носител на првата самостојна кандидатска листа на Либералната партија по 1994 година, по цели 22 години од последниот пат кога самостојно сме настапиле на парламентарни избори, рече Величковски, додавајќи дека ќе се обидат со изборната програма што ја нудат, да ги добијат гласовите на граѓаните